top of page
Writer's pictureДело-Скопје

КСЗД донесе мислење со препораки за Димитар Џундев и „Млади за Македонија“ за навреда на граѓаните на Македонија со бугарска самосвест



Комисијата за спречување и заштита од дискриминација ( КСЗД) утврди вознемирување врз основ на етничка припадност сторено од страна на Димитар Џундев од Гевгелија во областа на јавно информирање и медиуми, кон граѓанин на РС Македонија, со бугарско национално самосознание. Мислењето на КСЗД доаѓа по претставка на Здружението на граѓани за промоција , издавање, иницијативи и меѓународна соработка Дело Скопје.

Од своја страна КСЗД препорачува на Димитар Џундев да ја избрише спорната содржина објавена на страната ,,Млади за Македонија ” на социјалната мрежа Фејсбук, на 1-ви септември 2023 година и за истото да ја извести Комисијата.

Од КСЗД препорачуваат исто така , Џундев да се извини јавно на лицата од диспозитивот на ова мислење со објава на профилот на страната ,,Млади за Македонија” и за истото да ја извести Комисијата. Исто така на Џундев му е препорачано во иднина да се воздржи од вакви објави во јавните медиуми односно интернет портали и социјални мрежи.



Содржината со говор на омраза, упатена кон државјаните на РС Македонија со бугарска етничка самосвест.


Од Комисијата напоменуваат дека доколку субјектите кон кои е упатена пораката не постапат по истата ќе бидат соочени со покренување на прекршочна постапка согласно Членот 27, став 4 од Законот за спречување и заштита при дискриминација.






Kommentare


bottom of page