
Во 14 часот денеска ќе се одржи online-претставување на два универзитети од Бугарија, јавува Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје. Настанот ќе се одржи на следниот линк: http://meet.google.com/abh-powz-esa
Вишата школа за осигурување и финансии – Софија и Медицинскиот универзитет – Плевен ќе ги презентираат условите за аплицирање и ќе одговорат на вашите прашања.
Дополнително, ќе ве информираме за претстојната средба со претставници на голем број универзитети од Бугарија, велат од Бугарскиот културно-информативен центар.
Извор: https://tribuna.mk/
Comments