Важна информација за кандидат-студентите од РС Македонија, кои сакаат да студираат на државните универзитети во Бугарија
- Дело-Скопје
- Apr 4
- 1 min read

Министерството за образование и наука на Бугарија ги објави правилата, графикот и табелата за формирање на натпреварувачкиот бал за прием на студенти, докторанти и специјализанти за студии во државните високообразовни институции на Бугарија, според Одлука бр. 103/1993 на Владата на Република Бугарија за спроведување на образовни активности за Бугарите во странство и Одлука бр. 228/1997 на Владата на Република Бугарија за прием на граѓани на Република Северна Македонија во државните универзитети на земјата.
За разлика од претходните години, запишаните студенти според Одлука 103 и Одлука 228 нема да имаат можност за промена на специјалноста, односно да аплицираат повторно за други специјалности. Според точка 5 од Прилог 1, „немаат право на аплицирање или класификација лица кои се активни студенти или прекинале студии во бугарските државни високообразовни институции“.
Документите кои се потребни за аплицирање вклучуваат: национален и/или меѓународен идентификациски документ, документ за бугарско потекло/националност, извод од матична книга на родените со заверен превод на бугарски јазик, диплома за завршено средно образование – оригинал и превод на бугарски јазик, сведителства за секоја завршена година од средношколскиот курс – оригинал и превод на бугарски јазик, документ кој го потврдува правото на кандидатот да продолжи со високото образование во државата каде што го завршил средното образование, и превод на бугарски јазик.
Кандидатите треба да се регистрираат на електронската платформа на Министерството за образование од 21 април до 1 јуни – за апликантите кои завршиле средно образование; од 1 јуни до 31 јули – за магистерски студии; и од 1 јуни до 31 јули – за докторски студии.
Извор:https://tribuna.mk
Comments