На 1-ви ноември 1884 г. во Солун е роден видниот просветен деец, правник, историчар и професор ВЛАДИСЛАВ НИКОЛОВ АЛЕКСИЕВ.
Тој е син е на Царевна Миладинова, внук на Димитар Миладинов. Прво учи во Бугарската гимназија во Солун и в 1904 г. ја завршува Бугарската класична гимназија во Битола. Негов учител е војводата Парашкев Цветков. Како гимназијалец влегува во ВМОРО, воведен од соучениците Арсени Јоовков и Луканов. Од 1904 – 1906 г. студира право на Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“. Во 1906 г. го продолжува образованието во Лајпциг, но го пркинува и во 1907 – 1908 г. предава во Солунската гимназија. Наредната година го завршува студирањето во Лајпциг, а во 1910 г. брани докторат на истиот универзитет. Се враќа во Солун и станва учител во Бугарската трговска гимназија. Во есента на 1913 г. неговото семејство е прогонено од Солун од новите грчки власти и се преселва во Бугарија, каде то Алексиев станва предавач во Военото училиште и скоро потова – во Софискиот универзитет. Во 1931 г. е избран за професор по средновековно бугарско и словенско право. Учествува во Византолошките конгреси во Софија, 1934 г. и во Рим, 1936 г. Учествува на 40-та годишнина од Илинденското востание во Битола, чествувана од Илинденската организација. После Деветосептемврискиот преврат, во 1950 г. Алексиев е набрзо пензиониран.
Бил член на Македонскиот научен институт во Софија.
“Привршувајќки ги нашите белешки врз просветните установи на българите во Солун на крај ќе треба да подцртаме, дека целото тоа неоценето народно богатство, ја изразуваше нашата високао духовна култура во тој град, во споредба со скромната почетна состојба на учебното дело од епохата непосредно по Преродбата, покажва колку благородни напори, колку народна преданост и колку љубов кон напредокот на својот народ вложиле во своите културни задачи носителите и поддржувачите на Бугарштината во тој најјужен буггарски крај и родно место на Кирил и Методи.
Додека во годините непосредно по црковно-училишните борби од минатиот век, солунските бугарски училишта и солунските бугарски цркви биле сместени во мали, нехигиенски, темни и тесни згради, къон крајот на истиот век и пред војните на почетокот на сегашниот, Бугарите на големиот град располагаа со обширни модерни гимназиски и други училишни објекти.
Спомените за нив и сега, по претрпените загуби, предизвикуват восхит во светот, им прават голема чест на месните жители и на целиот бугарски народ и служат како велик искупителен пример за духовната моќ на Бугаринот во иднина.”
БЕЛЕШКИ ВРЗ БУГАРСКИТЕ ПРОСВЕТНИ УСТАНОВИ ВО СОЛУН, 1934 г.
Извор:https://tribuna.mk/
Comments