top of page

Национална академија за театарска и филмска уметност во Софија-Крсто Сарафов

Writer: Дело-СкопјеДело-Скопје

Национална академија за театарска и филмска уметност „Крсто Сарафов“, позната како НАТФИЗ — универзитетска академија која се наоѓа во Софија, Бугарија. До 1995 година академијата го носела името Виш институт за театарска уметност и била позната како ВИТИЗ.Денес е наречена по истакнатиот глумец од Пиринска Македонија, Крсто Сарафов (1876-1652).


На академијата годишно се запишуваат околу 120 нови студенти (вклучувајќи ги и 20 странски студенти). Универзитетот се наоѓа во строгиот центар на градот а располага со свои домови за студентите во Студентски град.


Крсто Петров Сарафов бил наjпрочуениот театарски актер од Бугарија. Тој е помалиот брат на револуционерот на Македонскиот комитет и ВМОРО Борис Сарафов.

Роден е на 6 април 1876 година во Либјахово, Пиринска Македонија. Учи во Петербург. Дебитира во 1899 година во театарот “Солза и смев” во Гогољевиот “Ревизор”, но поголем број од улогите после тоа ги изигрува на сцената на Народниот театар “Иван Вазов” во Софија.


Меѓу највпечатливите негови улоги се Сирано де Бержерак (во истоимената пиеса на Едмон Ростан), Тартиф и Арган (во Молиеровите Тартиф и Вообразениот болен), Фамусов (во Страда од умот на Грибоедов).


Националната академија за театарска и филмска уметност во Софија го носи името на Сарафов од 1951 година. Умира на 27 август 1952 година во Софија.


Сарафов бил член и на Македонскиот Научен Институт.



Comentários


bottom of page