top of page

Родопската општина Ардино со кандидатура за учество во иницијативата „Најдобри туристички населби“ на СТО

  • Writer: Дело-Скопје
    Дело-Скопје
  • May 9, 2025
  • 1 min read

Родопската општина Ардино ja подготвува својата кандидатура за учество во иницијативата на Светската организација за туризам при ОН – „Најдобри туристички населби“. Програмата има за цел да ги промовира руралните подрачја, локалните традиции и природата, истовремено поттикнувајќи одржлив туризам во малите општини, јавува Радио Бугарија.


Додека во минатото главен извор на приход за жителите на Ардино било тутунопроизводството, денес општината сè повеќе се ориентира кон туризмот. Бројот на хотели и гостински куќи расте, а се развиваат и екотуризам, селски туризам и авантуристички активности.


Атракциите што ги привлекуваат посетителите се Ѓаволскиот мост, културен споменик од XVI век, изграден во времето на султан Селим, алпискиот тролеj (zipline) долг 280 метри, кој се движи над реката и веќе е омилена атракција кај младите и др. Во општината се наоѓаат најубавите свиоци (меандри) на реката, вклучувајќи го и познатиот „Завојот“ кај Крџалиското езеро. Изградена е набљудувачка платформа, а во иднина се планира изградба на лифт до остатоците од древна тврдина.


Во Ардино се наоѓа единствениот во Бугарија Музеј на тутунот, каде посетителите можат да го следат целиот процес на производство на тутун – од садењето до пакувањето.



Comments


bottom of page