Со изложба и програма на децата од неделното училиште „Здравеј“ во Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје беше одбележана 150-та годишнина од смртта на наjголемиот бугарски револуционер Васил Левски.
Пред присутните на одбележувањето се обратија директорката на КИЦ-Скопје Антонија Велева и амбасадорот на Република Бугарија Ангел Ангелов.
Изложбата што беше претставена во Културно-информативниот центар преку текст и фотографија раскажува за ликот и делото на Васил Левски.
Децата од неделното училиште „Здравеј“ претставија рецитал посветен на Васил Левски, а исто така и кратка театарска претстава, која ги пренесе гостите во миговите кога Васил Левски бил испрашуван од османлиските истражни органи.
Извор:https://tribuna.mk/
Comentários