од општата историја на Бугарија и РС Македонија- Мара Бунева, Пејо Јаворов, Љубомир Милетич и Алеко Константинов
Во просториите на бугарскиот Културно-информативен центар во Скопје денеска се одржа свеченост посветена на хероината од Тетово Мара Бунева, научникот и еден од основачите на Македонскиот научен институт во Софија проф. д-р Љубомир Милетич, големиот бугарски поет и револуционер Пејо Јаворов и не на последно место генијалниот писател и патеписец Алеко Константинов. Четири историски личности oд општата историја на Република Бугарија и Република Северна Македонија.
„За мене е чест и задоволство, првото одбележување на Амбасадата и КИЦ да биде одбележување на четири годишнини. Годишнини коишто се за личности кои се дел од општата историја на Бугарија и Република Северна Македонија. Пред вас се четири личности поврзани со борбите на Бугарите во Вардарска, Егејска Македонија и Одринско. Мара Бунева е родена во Тетово, а починала во Скопје, Љубомир Милетиќ е роден во Штип, а прадедо му е војвода од Одринско. Другите двајца Бугари не се родени во Македонија. Алеко Константинов е член на Маледонскиот конгрес. Јаворов е првиот биограф на Гоце Делчев, близок пријател на Тодор Александров и го посветил својот живот и дел од своето творештво имено на ослободувањето на Македонија. Овие четири фигури се клучни и значајни за нашата култура. Секој еден од нив е дал, со револвер во рака или со машина за пишување една духовна енергија, која што треба да ја пренесеме низ вековите“, изјави во својот говор амбасадорот на Република Бугарија во РС Македонија Ангел Ангелов.
Во свечениот настан учество земаа и гост-лекторките од Софија д-р Красимира Колева и доц. Мариета Иванова-Гиргинова, кои говореа за Љубомир Милетич и Алеко Константинов.
„Дејноста на проф. Милетич за проучувањето на Македонија и заштитата на бежанците од Македонија и од Тракија и извонредно голема. Спомените на македонските револуционери што ги запишува Милетич, се документален извор, кој е огромна важност за историјата на движението. Се разбира Милетич се интересира и за судбината на тракијските Бугари. Негово фундаментално дело е книгата „Разорението на тракијските Бугари од 1913 г.“, изјави д-р Колева, потсетувајки и на придонесот на големиот научник во создавањето и развојот на високите образовни и научни институции на Бугарија, Македонскиот научен институт, Бугарската академија на науките и Софискиот универзитет.
„Со сета своја дејност Алеко влегува во канонот на бугарската литература. Тој влегува и во сознанието на секој еден Бугарин, како симбол на извонредно граѓанско однесување, карактерно со нетрпеливост кон фалшот, дребнотемието и лагата во сите сфери на јавниот и политички живот“, вели во своето обраќање доц. Иванова-Гиргинова подвлекувајки дека најпознатото книжевно дело на Алеко Константинов „Бај Гањо“ било вистински хит по своето појавување во 1895 г.
Говор посветен на големиот поет и револуционер Пејо Јаворов, одржа дојаенот на бугарската мисла во РС Македонија Владимир Перев, носител на наградата „Будител на 2022 г.“ доделена од амбасадата на Република Бугарија во Скопје и бугарскиот Културно-информативен центар во РС Македонија
„Јаворов е поет на револуцијата, поет на борбата, но и поет на слабите, безсилните, прогонетите од родниот кат. Во стихотворението “Арменци“, издадено 1900 година, како да ја предчувствува, предвестува судбината на македонците и нивната трагедија на масовните раселувања од Вардарско и Егејско кон Слободна Бугарија. Пушката и перото, љубовта и борбата ја сочинуваат неговата личност…нешто како личност на јапонските самураи на кои толку многу се воодушевуваа македонските револуционери. Неговото самоубиство е херојски чин…тоа не е бегство од реалноста, тоа е победа на вонвременското и идеалистичното над бедноста на реалниот живот. Тоа е неговиот последен херојски чин, чин на поет и револуционер“, изјави Владимир Перев.
Говор посветен на Мара Бунева одржа публицистот и општественик од РС Македонија Ѓорѓи Трендафилов.
„Од денешна дистанца не верувам дека некој може да каже дека, Мара Бунева не била во право, дека некој друг бил во право. Ние сме потомци на сите тие стотици и стотици знајни и незнајни борци без униформа, кои не оставиле сопствено потомство, туку решиле дека во одреден момент сите ние сме и ќе бидеме нивни потомци. Затоа можам слободно да кажам дека, иако се обиделе да го сокријат постоењето на таа објективна реалност, ние денеска, а и не само денеска, и во минатото, а верувам и во иднина ќе дејствуваме за да посведочиме за едни времиња, за едни надчовечки напори, на кои нашите претци се изложиле и го дале она што можеле да го дадат- најдрагоценото“, изјави Трендафилов.
На свечениот настан посветен на Мара Бунева, Пејо Јаворов, Љубомир Милетич и Алеко Константинов присуствува голем број македонски Бугари, претставници на Здружението на македонските родови во Бугарија и пријатели на Бугарија од РС Македонија.
Comments