Тросковскиот манастир се наоѓа на околу 20 километри од градот Симитли во Бугариja, недалеку од Коматинските карпи во планината Влаина. Се претпоставува дека манастирот е основан во XII век за време на Второто бугарско царство. Манастирот неколку пати бил пален и демолиран. Денес е зачувана само црквата. Нејзината зграда била повторно отворена во 1906 година, откако две години претходно била погодена од големиот Крупнички земјотрес.
Манастирската црква „Св. Архангел Михаил“ денеска е потоната во тишина. Селата во близина Брестово, Тросково, Сухострел се речиси ненаселени. Црковниот објект заживува само на големите празници и кога го посетуваат групи туристи.
Манастирот некогаш бил жив центар на верата и духовноста.
Извор: БНТ Благоевград
Извор:https://tribuna.mk/
Comments