top of page
  • Writer's pictureДело-Скопје

Трет собир „Коридор 8“: Границите се во имагинацијата, над нив се заедничкото минато и иднината



Обични луѓе од двете страни на бугарско-македонската граница седнаа на една маса во едно село во близина на Ќустендил и им покажаа на политичарите дека можат „да зборуваат еден јазик“, оној на добрососедството, со оглед на тоа дека границите можат да бидат само во имагинацијата, јавува БГНЕС.


Вчера во ќустендилското село Раждавица се одржа третиот собир за македонско-бугарско пријателство „Коридор 8“, организиран од креаторите на македонско-бугарскиот подкаст „Коридор 8“, кој се емитува секоја недела на живо во You tube.

По првиот собир, што се одржа пред три години на железничката станица Гуешево, вториот во градот Крива Паланка, дојде ред на ќустендилското село Раждавица. Домаќин на собирот беше комплексот „Стара цреша“, каде на посетителите им беа презентирани стари и заборавени занаети. Седумдесет и едногодишниот „војвода“ Димчо Занев на присутните им демонстрираше како се плетат корпи.

„Ова е трета година како го одржуваме овој собир, се повеќе луѓе се вклучуваат, вака покажуваме една нова практика, традиција на комуникација, пријателство, на споделување меѓу обичните луѓе од Бугарија и Македонија. – изјави организаторот Георги Станков.

Тој беше категоричен дека границите можат да бидат само во умот и имагинацијата, а над нив се добрите чувства, ставот, заедничкото минато и заедничката иднина.

Секоја година настојуваме да имаме сè поинтересна и добра културна програма која ќе биде интересна за учесниците“, додаде Станков.

„Нашата цел е да ги собираме луѓето од двете страни на границата, кои немаат разлика во битот и културата и го разбираат светот околу себе, како блиски луѓе. Се надевам дека оваа традиција ќе остане и дека конечно ќе надвладее разбирањето од двете страни на границата и ќе се решат сите отворени прашања“, рече Атанас Величков, вториот организатор на настанот.

Додека двајцата организатори ја споделуваа својата радост со насобраниот народ од двете страни на границата, домаќинот Борислав Крумов и неговите колеги во 90-годишната рерна печеа јагнешко месо и зелник за учесниците на третиот пријателски собир.

Дел од учесниците на собирот го посетија споменикот на Тодор Александров каде им се обрати историчарот доц. д-р Ангел Џонев.

„Колку стануваа потопли бугарско-југословенските односи, толку овој споменик стануваше понепотребен“, категоричен беше историчарот Џонев.

Учесниците на собирот поднесоа цвеќе пред споменикот, кој двапати бил менуван и исто толку пати уништуван.

По споменикот на Тодор Александров, присутните ја посетија куќата-музеј на Димитар Пешев, спасителот на бугарските Евреи, а подоцна отидоа во селото Раждавица, кое се наоѓа над Шишковци – селото во кое работел сликарот Владимир Димитров-Мајстора.

По сместувањето во „Стара цреша“, учесниците на собирот ги дегустираа традиционалните јадења и специјалитети на населението од двете страни на границата, низ која 113 години чека да помине бугарскиот воз.

Доц. д-р Ангел Џонев, преку изложба на документални фотографии детално ги објасни геополитичките пречки за изградбата на пругата. Во изложбата можеа да се видат фотографии од макотрпната работа на градежниците и инженерите од крајот на 19 и почетокот на 20 век.

Специјални гости на настанот беа претставниците на здружението на бугарските родови од Македонија Рајна Дрангова, ќерка на Кирил Дрангов и внука на полковник Борис Дрангов, Елисавета Шапкарева, внука на Кузман Шапкарев, маестро Христо Христов, потомок на Гоце Делчев, и неговата сопруга.







bottom of page