top of page

Со пиринска песна и леб и сол започна вториот ден од средбата на бугарските фолклорни ансамбли во странство

  • Writer: Дело-Скопје
    Дело-Скопје
  • Nov 8, 2025
  • 1 min read

Со пиринска народна песна во изведба на Кине В’лчева и со традиционална питка, Асоцијацијата на бугарските фолклорни состави во странство (АБФСЧ) ги поздрави учесниците на вториот ден од Четвртата средба на раководителите на бугарски фолклорни ансамбли во странство, што се одржува од 7 до 9 ноември во Софија, јавува БТА.


Програмата продолжи со предавањето на Мадлен Божилова, која ја претстави темата „Автентични методи за изработка на бугарска народна носија“.


Како што јави БТА, во текот на денот ќе биде презентирано уште едно теоретско предавање, водено од доц. Георги Гаров, а ќе се одржат и двокомпонентни модули – практични за танчерите и теоретски за хоровите.


Финалето на вториот ден од Средбата ќе биде со проекција на филмот на Милена Милотинова „Магијата на бугарското оро“. Четвртата творечка средба, организирана од АБФСЧ, беше официјално отворена на 7 ноември 2025 година во Нов бугарски универзитет.


Меѓу официјалните гости беа потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова, заменик-министерот за култура Георги Султанов, извршната директорка на Агенцијата за Бугарите во странство Рајна Манџукова, заменик-ректорката на НБУ за научноистражувачка и творечка дејност гл. ас. д-р Емилија Димитрова и директорот на Централната универзитетска администрација доц. д-р Христо Чукурлиев.


Оваа година во средбата учествуваат претставници на 57 бугарски танцови ансамбли и хорови од 18 држави – Австрија, Англија, Белгија, Германија, Грција, Данска, Шведска, Шпанија, Италија, Кипар, Холандија, Норвешка, Полска, САД, Северна Ирска, Украина, Унгарија и Франција.


Comments


bottom of page