Вчера во отворената галерија на Бугарскиот културно-информативен центар Скопје се одржа литературна средба меѓу членовите на програмата „Скопје стипендија“ и претставниците на Здружението на издавачи РСМ.
Г-ѓа Антониа Велева, директор на БКИЦ-Скопје, им посака добредојде на гостите кои присуствуваа на програмата Скопје стипендија, дел од овогодинешниот меѓународен проект „Читај, споделувај, уживај“.
Програмата „Skopje Fellowship“ во рамките на Меѓународниот литературен фестивал ПРО - ЗА Балкан 2023 е фокусирана на странските издавачи, фестивалски директори и програмски менаџери, литературни агенти и извидници кои се гости на овогодинешниот фестивал. Од Бугарија, претставник беше г-ѓа Жаклин Толева од издавачката куќа „7 зраци“.
За Бугарскиот Културно-Информативен Центар Скопје, како партнер на еден од престижните книжевни фестивали Меѓународен фестивал на книжевноста ПРО - ЗА Балкан, беше чест да го пречека и да обезбеди време и простор за размена на професионални идеи и мислења на истакнати имиња од познати светски книжевни фестивали меѓу и да придонесе за популаризација на литературата и обединување на писателите и културните дејци со колегите од Европа и светот.
Comments