Пловдив Џез Фест 2025 со светски познати ѕвезди
- Дело-Скопје

- 3d
- 1 min read

Од 7 до 9 ноември, Пловдив повторно ќе биде дом на џезот со единаесеттото издание на Plovdiv Jazz Fest. Годинава фестивалот влегува во европската џез мрежа, што го позиционира уште појасно на мапата на водечките европски џез настани, јавува Актуално. Настаните ќе се одржат во Домот на културата „Борис Христов“, а публиката ќе ужива во шест концерти со ѕвезди добитници на „Греми“ и најистакнатите имиња на бугарската џез сцена.
Фестивалот ќе го отвори All-Star Big Band со Христо Јоцов и Антони Дончев, по што ќе настапат шведските ѕвезди Јакоб Карлсон Трио и Викторија Толстој. На 8 ноември следи концертот на пијанистот и композитор Милен Киров со неговиот квинтет, а вечерта ќе ја заокружи американската џез и госпел пејачка Лиз Рајт. Последната фестивалска вечер, 9 ноември, е резервирана за бугарската група Zone C и легендарните американци Yellowjackets, двократни добитници на „Греми“.
Покрај главната програма, Bee Bop Café ќе биде сцена за џем-сешни, настапи на млади таленти и поетско читање на Елин Рахнев. Големата награда за целокупен придонес во бугарската џез музика оваа година ќе му биде доделена на Стојан Јанкулов – Стунџи.
Билетите се достапни преку Eventim, а еден фестивалски билет важи за двата концерта во вечерта. Повеќе информации може да се најдат на plovdivjazzfest.com.
Извор:https://tribuna.mk/


Comments