top of page
Writer's pictureДело-Скопје

Писмо на Васил Левски до д-р Константин Робев од Охрид



Во текот на мај 1872, Бугарскиот револуционерен централен комитет (БРЦК) и Внатрешната револуционерна организација биле убедени дека координирањето на напорите ќе биде вредно за сите и се обединиле во една организација. Васил Левски бил одреден за главен апостол на цела Бугарија, Тракија и Македонија и добил полномоштво да ги управува структурите изградени во Бугарија. Левски го пишува следново за Македонија во писмо од 6 август 1872 година до д-р Константин Робев од Охрид:

„Докторе и драги брате,

Доjде наjсетне часoт, та да помислам и за вашиот крај. Работата не ми позволуваше досега да дојдам и за Македонија. Понапред требаше да се изврши сето тука поблизу до брегот, та постепено да врвиме се’ напред кон Македонија и Тракија. Јас помнам многу добро, какво сме говореле во Цариград, дека таму при поспокојно може да се работи, затоа што помалку сомнежи ќе се фрлат по работите, а и ние мислиме, дека ако треба да се развие бајракот, тоа треба да стане и по сите страни на нашата татковина… Од никаде помош не можеме да чекаме, ниту пак да пожелуваме, какво што ќе направиме, сами да си го направиме, така е поредно и за нас сите… Да даде бог здравје, кога ќе минам кон Штип и Скопје, ќе гледам како и да е да дојдам и во вашиот град, та да го наредиме потребното. Лицето, кое што вие ќе го примите, ќе ви предаде билети и уставот на нашата привремена влада и какво што е потребно наредете таму до моето идење. Најглавното си останва да собирате пари и да си набавите оружје како најпотребно на прво место…

6 авг. 1872.

За секогаш ваш брат:

Дервишооглу Аслан – В. Левски“


Comments


bottom of page