top of page

Овации за Билјана Пројковска на сцената на националниот театар „Иван Вазов“ во Софија

  • Writer: Дело-Скопје
    Дело-Скопје
  • Feb 24, 2023
  • 1 min read


Вчера на сцената на Народниот театар „Иван Вазов” во Софија, настапи познатата македонска артистка од Драмски театар-Скопје, Билјана Драгичевиќ-Пројковска.


Таа беше дел од претставата „Животот е прекрасен” во режија на Александар Морфов.


Со својата исклучителна дарба и чувство за хумор, Пројковска беше бурно поздравена од преполниот салон и неколку пати со аплаузи на отворена сцена.


Во извонредна атмосфера оваа претстава на познатиот режисер Морфов ја потврди големата уметничка вредност на драмата на Николај Ердман и одличниот актерски ансамбл на НТ “Иван Вазов”, предводен од големата актерска звезда на бугарското глумиште Камен Донев.


Извор:https://novatv.mk/

Comments


bottom of page