top of page

Културните здруженија на Бугарите во странство се обединуваат во асоцијација

  • Writer: Дело-Скопје
    Дело-Скопје
  • Jul 24
  • 2 min read
ree

На 29 јули 2025 година, во просториите на Извршната агенција за Бугарите во странство (ИАБЧ) во Софија, ќе се одржи основачкото собрание на идната Асоцијација на бугарските културни здруженија во странство. Иницијативата има за цел да ги обедини културните организации на бугарските заедници низ светот и да воспостави трајна врска меѓу нив и институциите во Бугарија.


Веста ја објави директорката на ИАБС, Раина Манџукова, за време на годишната конференција на Асоцијацијата на бугарските училишта во странство (АБУЧ), што моментално се одржува во Велико Трново, пренесува БНР.


Во основата на проектот стојат Конфедерацијата на бугарските културни организации и дејци во странство, Арт Салон „Сели“ – Бат Јам (Израел) и Салон за бугарска култура и духовност – Чикаго.


„Консолидирањето на бугарските училишта во странство покажа дека тоа е патот по кој треба да се движиме за да воспоставиме реален контакт меѓу бугарските организации надвор од татковината и бугарската држава. Веќе имаме две силни организации – АБУЧ и Асоцијацијата на фолклорните ансамбли во странство. Но, културата е многу повеќе од фолклорот – имаме писатели, музичари, сликари, театарски студија и литературни клубови, кои прават значајни нешта, а за кои во Бугарија речиси и да не се знае,“ истакна Манџукова во изјава за Радио Бугарија.


Новата асоцијација ќе ги обедини овие културни дејци и здруженија, ќе ја направи нивната работа видлива за бугарската јавност и институции, а во иднина може да обезбеди и финансиска поддршка од бугарската држава, слично како што веќе добиваат бугарските училишта во странство.


Организаторите ги повикуваат сите културни здруженија и личности кои се занимаваат со зачувување и промоција на бугарската духовност надвор од земјата да се приклучат на настанот и да станат дел од новото културно обединување.


Пред почетокот на основачкото собрание, во 13:00 часот, во Ротондата на ИАБЧ ќе биде отворена авторска изложба на сликарката Мира Копаранов, која живее и твори во Канада. Изложбата, посветена на глаголицата и обединета под темата „Слово за мир“, ќе биде првиот културен акцент на настанот.



Comments


bottom of page