top of page
Writer's pictureДело-Скопје

Ивана од Прилеп е на студентска размена во Бугарија: „Овде се слуша гласот на студентите, се одлучив за Стара Загора затоа што е блиску“



Ивана Настеска од Прилеп, моментално е четврта година на Педагошкиот факултет во Битола на насока „Социјална и рехабилитациска педагогија“ и е на студентска размена во Стара Загора, Бугарија.

Во интервју за CRNOBELO.com, таа го споделува нејзиното искуство:

Колку време престојуваш во Стара Загора и зошто баш таму? Како изгледаше процесот на селекција, како се одлучи за Бугарија?

Во Стара Загора престојувам во последните шест месеци преку Еразмус програмата за размена на студенти кои студираат еден цел семестар во друга држава.

Процесот на селекција го вршат координатор од самиот факултет и кога координаторот ги доставува документите на студентите кои влегле во потесен круг во ректоратот, вработените во ректоратот кои се задолжени токму за ваквиот тип проекти ги бираат студентите кои сметаат дека се најдобар избор во тој момент од сите кои аплицирале и влегле во потесниот круг.

Секако, тука постојат и критериуми за избор – познавање странски јазик (англиски или јазикот којшто е официјален во државата која е избрана за Еразмус размена), висок просек, голема улога игра и претходното искуство со ваков тип на размени доколку го има студентот.




Бугарија ми беше во топ 3 за избор на размена бидејќи е блиску и финансиски можам да си ја дозволам без да бидам терет на моите родители и, секако, во Стара Загора се наоѓа една од моите најблиски личности, другарка од средно која ми помогна да се снајдам подобро од што и самата очекував.

Целото интервју со Ивана Настеска прочитајте го на www.crnobelo.com

Comments


bottom of page