Икони од иконописната школа на Банско ќе бидат изложени во Националниот музеј во Краков
- Дело-Скопје
- Mar 18, 2023
- 1 min read

Колекција од 43 икони од иконописната школа на Банско ќе биде изложена од 24 март до 23 јули во Националниот музеј во Краков, во Дворецот на епископ Еразмо Циолек – специјализиран за прикажување на средновековна и православна уметност, соопшти Амбасадата на Бугарија во Полска.
Со разновидна колекција на вредни уметнички и историски артефакти собирани од 1879 година, Националниот музеј во Краков, сместен во 10 згради, е признат како една од најбогатите музејски институции на уметностите не само во Полска, туку и во светот.
Четири месеци жителите и гостите на најпосетуваниот полски град ќе имаат можност да се запознаат со ремек-дела на четири генерации иконописци од Банската школа, создадена од Тома Вишанов – Молера.
Од октомври 2022 година до сега, изложбата на иконите со голем успех се прикажува во Варшава и Бјалисток. Посетата на Полска се реализира со партнерство меѓу Музејскиот комплекс – Банско и Бугарскиот културен институт од Варшава.
Извор:https://tribuna.mk/
コメント