top of page

Ели Иванова со „52 историски прошетки низ Бугарија“

Writer's picture: Дело-СкопјеДело-Скопје


Во својата нова книга „52 историски прошетки низ Бугарија“ Ели Иванова обрнува внимание на малку познатите, неверојатно убави места и правци поврзани со истoријата на Бугарија, јавува БНР.


Публикацијата не е водич за најпознатите историски знаменитости во Бугарија. Истата е прошетка низ магични места каде историјата и убавината на природата се спојуваат во една вистинска хармонија.


Ели Иванова минува низ тврдини и урнатини, средновековни цркви, древни светилишта и праисториски пештери кои ги засолниле првите луѓе на овие земји и по патиштата по кои чекореле бугарските револуционери, поети и цареви.


Во „52 историски прошетки низ Бугарија“ авторката патува до Родопите, Стара Планина и предбалканот, Витоша и Плана, Средна Гора, Дунавската низина, Сакар и Странџа, Краиште.


Comments


bottom of page