top of page

Д-р Врабевски за Денот на народните будители: Живеj така што ќе додадеш вредност во животот на другите

Writer's picture: Дело-СкопјеДело-Скопје

Формулата на будителот без разлика дали е од минатото, сегашноста или иднината е една иста- добрите намери и фокусирањето врз корисното. Или со други зборови- да живееш така што ќе додадеш вредност во животот на другите. Со овие зборови првиот човек на фондацијата ,, Бугарска памет” д-р Милен Врабевски го честиташе Денот на народните будители што секоја година се слави во Република Бугарија на 1-ви ноември.


,, Ако секој еден од нас ја применува таа едноставна формула во својот живот , тогаш треба да бидете сигурни дека нема кој да ја запре Бугарија по патот кон нејзиниот напредок”, стои во објавата на д-р Врабевски.


Comentários


bottom of page