Бугарија првпат домаќин на годишната конференција на Euroclassica
- Дело-Скопје

- Aug 22, 2025
- 1 min read

Бугарија прв пат е домаќин на годишната конференција на Euroclassica – европската федерација на наставници по класични јазици. Форумот беше отворен во Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Софија од заменик-ректорката проф. Мадлен Данова.
На настанот учествуваше и советникот на министерот за образование и наука, Кристијан Маџуров, кој ја истакна поддршката на МОН за оваа иницијатива.
Меѓународниот собир е насочен кон соработката меѓу европските држави во областа на изучувањето и предавањето на класичните јазици, особено латинскиот и старогрчкиот. Во рамките на форумот, бугарски и европски професори и наставници одржаа предавања за класичните јазици, античкото наследство и значењето на класичното образование.
Конференцијата продолжи со панел-дискусии на кои учесниците разменуваа искуства, идеи и иновативни практики во оваа сфера.
Организатор на настанот е Асоцијацијата за развој на универзитетското класично образование, со поддршка од Универзитетот „Св. Климент Охридски“, Општина Пловдив и други партнери.
Извор:https://tribuna.mk/


Comments