top of page
  • Writer's pictureДело-Скопје

Балканска музика и артисти од светска класа на SoFestWinter во Софија


Во Софија од вчера започна зимското издание на фестивалот SoFest. Настанот ќе се одвива во Sofia Live Club до 19 ноември и на истиот ќе земат учество светски познати артисти од Балканот, јавува БНР.


Во првата вечер на фестивалот гостите ќе можат да ги слушнат Wladigeroff Brothers, кои ќе го претстават нивниот албум „Веселите Владигерови“ инаку создаден заедно со нивната сестра Екатерина. Во албумот можат да слушнат мелодии од свинг ерата од 20-30-те години на минатиот век. До браќата Александар и Константин Владигерови ќе застанат музичарите Васил Хаџигрудев на контрабас и Стојан Јанкулов-Стунџи на тапани.


Утре на фестивалот ќе настапат Драган Спасов-Дац и Александар Митевски, кои ќе се претстават со популарни песни од Бугарија, Македонија, поранешна Југославија и регионот.


Финалната вечер на фестивалот е резервирана за балканското трио Теодосиј Спасов- кавал- Влатко Стефановски-гитара и Васил Хаџиманов-клавир. Публиката ќе може да слушне нивни авторски дела, комбинирани со локален фолклор, блуз, поп, рок и џез.


„Џезот е можеби најдемократско-либералната музика и прифаќа различни нијанси, феномени, влијанија. Тоа е прекрасна игра со теми, импровизации и гледишта на музичарите. Џезот е тој што ги популаризира другите национални култури. Се чини како врската помеѓу фолклорот, популарната музика, класичната, европската музика, индиската, кинеската музика и какви било други влијанија… Ова ја збогатува и ја прави поинтересна и поактуелна.Затоа што дојде време на декапсулација во уметноста и во општествените односи. Бидејќи ја имаме оваа способност да го зборуваме најсовршениот музички јазик, кој се чувствува со срце, душа и ум, тоа нè прави подостапни“, вели виртуозниот бугарски музичар Теодосиј Спасов.




Commentaires


bottom of page