top of page
Writer's pictureДело-Скопје

Балетот на Државната Опера Пловдив гостува на сцената на Националната опера и балет на Македонија



Балетот на Државната Опера Пловдив во Скопје претставува две танцови претстави од еден чин со меѓународно признание на водечкиот современ кореограф Раду Поклитару. „Долгата Божиќна вечера“ според истоимената драма на Торнтон Вајлдер и музика на Вивалди и „Жени во Д-мол“ од Бах, инспирирана од „Куќата на Бернарда Алба“ од Лорка ќе гостува на 17 февруари, во 20 часот на сцената на Националната опера и балет на Северна Македонија.


Презентацијата на делото на Раду Поклитару е еден од најсветлите настани во танцовиот календар во Бугарија за оваа година.


Раду Поклитару е основач и главен кореограф на Киевскиот академски театар за модерен балет, почесен уметник на културата на Украина, народен уметник на Молдавија, добитник на бројни европски меѓународни награди, професор на Катедрата за модерна кореографија на Националниот универзитет за култура и уметности во Киев. Покрај десетици претстави во Киевскиот модерен балет, низ годините поставува балетски продукции во театарот Бољшој, театарот Марински, националните опери на Украина, Молдавија, Латвија, Белорусија, Чешка, Србија итн. Раду Поклитару од почетокот на годинава е дел од тимот на Државната Опера Пловдив.


„Долгата Божиќна вечера“ е балет-рефлексија за минливоста на животот, за суетните и бескорисни нешта со кои ги исполнуваме драгоцените минути, часови и години од нашиот престој на Земјата. Продукцијата следи деведесет години од животот на едно аристократско семејство, минувајќи во серија божиќни вечери. Празник по празник, судбините на луѓето се раствораат во заборав како еднодневни пеперутки, не оставајќи ништо зад себе. Светлата, гротескна кореографија на музиката на Вивалди успева да допре до срцето на секој гледач и без морализирање, да го постави прашањето – по што се разликуваме од сценските ликови? Претставата „Долгата Божиќна вечера“ на американскиот драматург Тортон Вајлдер, добитник на Пулицерова награда, продолжува да биде на репертоарот на голем број драмски театри во Европа и САД, по неа е снимен филм, како и опера на композиторот.Пол Хиндемит.


„Жени во Д-Мол“ е изведба проткаена со почит кон генијалноста на Ј.С.Бах. Раду Поклитару раскажува трагична приказна за непостоечко женско пријателство, кое служи само како изговор за расплетот на невообичаено сложени повеќефигурни композиции и продорни дуетни фрагменти.


Проектот се реализира со финансиска поддршка на Министерството за култура на Република Бугарија.


Comments


bottom of page