Украинскиот претседател Володимир Зеленски е во Бугарија каде престојува во прва посета откако почна со работа владата и е прв странски преставник што доаѓа откако Бугарија доби нова влада.
Бугарскиот премиер Николај Денков ја потврди веста за посетата на Зеленски во четвртокот, чии детали почнаа да се објавуваат претходно оваа недела.Денков притоа изјави дека отсега Бугарија нема да стои со „очи ширум затворени“ за мешањето на Русија во државата, јасно покажувајќи дека Софија има намера да расчисти со политиката на седење на два стола и да ги исчисти руските агенти од службите за разузнување.
Програмата на Зеленски вклучува потенцијално напорен состанок со бугарскиот претседател Румен Радев, кој е непријателски настроен кон вооружувањето на Киев.Посетата на Зеленски ќе се фокусира на дискусиите за оружјето за Украина и соработката за снабдување со нуклеарни централи.
Се очекува и бугарскиот парламент да усвои декларација за поддршка на Украина да се приклучи на воената алијанса на НАТО.
Comments