top of page
  • Writer's pictureДело-Скопје

Започна новата 32-ра бугарска научна експедиција на Антарктикот


32-та бугарска антарктичка експедиција исплови во текот на вчерашниот ден од Поморската станица – Варна со воено научно-истражувачкиот брод „Свети Кирил и Методиј“, јавува БНР.


Екипажот се состои од 34 воени лица, меѓу кои и четворица кадети. Уште 28 кадети ќе отпловат до пристаништето Картагена во Шпанија. Експедицијата ќе се врати во април и за прв пат ќе се истражува островот Смит, најави проф. Христо Пимпирев кој исто така рече дека ќе се работи на многу проекти.


Тој нагласи дека екипажот веќе има стекнато добро искуство. На 10 проекти ќе работат 25 бугарски научници. Ќе се изгради современа научна лабораторија која ќе ја користат научници од целиот свет, истакна проф. Пимпирев. Бродот е натоварен со 80 тони материјали потребни за изградбата на лабораторијата и базата.


„Вие веќе сте го запишале името на бродот во историјата. Втората мисија е уште потешка од првата бидејќи сега треба да го консолидирате престижот, авторитетот и името што сте ги изградиле. Не се сомневам дека напорната работа и мотивацијата на секој од вас ќе помогнат да се случи ова“. Со овие зборови на екипажот им се обрати командантот на морнарицата контраадмирал Кирил Михаилов.


Регионалниот гувернер Андријана Андреева, претседателот на Управниот одбор на бугарскиот институт за Антарктикот проф. Христо Пимпирев, новоизбраниот градоначалник на градот Благомир Коцев, како и неговиот претходник Иван Портних дојдоа да им посакаат убав ветер на воените морнари. На поморската станица се собраа и многу офицери, граѓани, роднини на морнарите и граѓани.



Comments


bottom of page