Од вчера 20-ти април започна кампањата за кандидат студентите од бугарските заедници во странство. Првата online средба за студенти од Украина се одржа вчера а денеска треба да се организира нова средба за студентите од Молдавија. На овие средби кои се одржуваат online или со физичко присуство експертите од Министерството за образование и наука во Бугарија ги презентираат можностите за студирање во бугарските универзитети на кандидат студентите кои живеат во Украина, Молдавија, Албанија, Косово, Србија и РС Македонија.
Една од основните цели на информативната кампања е да го популаризира бугарското високо образование пред странските државјани од бугарско потекло кои живеат на териториите на набројаните држави.
Средбите се организираат врз основа на две одлуки на бугарската Влада за образовни активности меѓу Бугарите во странство и за прием на граѓани на РС Македонија како студенти во државните универзитети во Бугарија.
Во РС Македонија средбите со претставници на Министерството за образование и наука на Бугарија и Извршната агенција за Бугарите во странство ќе се одржат на 13-ти мај сабота во Битола со почеток од 10 часот, во зградата на Генералното конзулство на „Булевар 1 мај “ бр. 53 и на 14 мај недела со почеток од 10 часот во Бугарскиот културно информативен центар на ул. „Никола Вапцаров“ бр. 6 во Скопје.
Comments