
Укинувањето на граничните контроли ќе ја направи Европа уште посилна и попросперитетна. Ова го напиша бугарската еврокомесарка за стартапи, истражување и иновации Екатерина Захариева на својот Фејсбук профил по повод полноправното членство на Бугарија и Романија во Шенген зоната.
„Денес е историски момент за Европа: Бугарија и Романија се веќе во Шенген зоната и на копно! Да ги славиме вредностите што не обединуваат!“, напиша Захариева.
И таа ја честиташе и новата година.
„Среќна Нова 2025 година! Да сте благословени со здравје, љубов и среќа“.
Извор:https://tribuna.mk/
Comments