top of page
  • Writer's pictureДело-Скопје

За инает (4)



Пишува: Јован Николов


Ги читав коментарите на претходните три колумни од типот: Зошто не пишувате вака за бугарите? Зошто не враќате во историјата баш сега кога со Србија имаме добри односи? А, да не беа поарни бугарските фашисти!?

Не можам да поверувам, до каде оди заслепеноста на обичниот македонец (бановинец)….

Па колку ли томови се напишани за бугарската “окупација“, во втората светска војна!? Колку ли злосторства се извршени врз македонските родољуби после 1945…!? Колку кариери се изградени на темелот на бугарофобијата!? Колку семејства беа зацрнети, неможејќи да се исплачат на гробовите на своите најблиски…!?

Коja е таа идеолошка, социјална, културолошка, историска, правна и каква сакате заслепеност на денешниот македонски граѓанин….плашејќи се да и погледне на вистината во очи!?

А вистина ви велам, вистината ќе ве ослободи…! (Светото писмо)

Кој е тој идеолошки казамат во главите, извитопереноста на човешкото „рацио“, та да не си кажеме за српските или грчките злосторства во Македонија после 1913 година….!?

Зошто бановинецот неќе да научи нешто за скопскиот српски владика Варнава (подоцна и владика на СПЦ) или за грчкиот костурски владика Германос Каравангелис!?

Се плаши ли дека гледањето преку српска диоптрија на работите, фактите за братското пријателство ќе паднат во вода!? Помалку ли ќе слуша српска музика, ќе гледа српски шоуа, филмови или нема да оди на грчките плажи….!?

И така, зошто, зошто до немај каде се моите реторички прашања….

Ете ради таа Ваша заслепеност, јас за инат ќе пишувам за српскиот геноцид врз македонското население без разлика на неговата етничка припадност, како и за грчкиот шовинизам…!

Патем, на годинашнава Светосавска академија, српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека „Србија ништо не бара од Македонија“… како некои други (читај Бугарија), а „бановинецот“ во транс ликува ли ликува…!

Па што друго да бара Вучиќ, кога знае дека ако се кандидира на било кои избори во Македонија би победил? Што да бара Вучиќ, кога културолошки сме еквивалентни на некогашната кралска Југославија… каде и да погледнеш, да се свртиш, ќе видиш и ќе чуеш српска музика, српски филмови, српски шоуа, спортски канали на српски јазик, свадби, крштевки, веридби со срспка музика итн… Што повеќе да сака Србија од србизираното македонско („бановинско“) население!? Целта на Гарашанин, Новаковиќ, Тито, Милошевиќ и Вучиќ е постигната!!!

Ете за инат на сите Вас, јас ќе пишувам со факти и докази, за српските зверства, конкретно низ призмата на она што го видел со свои очи францускиот политичар, дипломат, новинар и публицист Анри Пози и неговото капитално дело „Војната се враќа“ додека престојувал во Кралска Југославија.

-Во с.Сушица крај еден рид помеѓу Скопје и Велес, жените Рајна Недева, Мијана Танева, Викторија Андреева и Васа Митрева, кои одбиле да кажат каде избегале нивните мажи (истите како четници на ВМРО избегале во Бугарија), биле тепани со камшик до крв од српските жандарми, кои потоа биле полеани со бензин нивните пазуви и полови органи и ги запалиле!

– Во село Добрево (Пробиштипско), една 16-годишна девојка, на име Костадина Миладин Тачева, била обвинета и осудена дека пеела бугарски песни, поради што била соблечена гола, врзана за една даска и добила 60 стапови по крстот, потоа била силувана од началникот на полицијата и шестмина негови другари.

-Во Качаник селанецот Евтим Атанасов, бил осомничен дека засолнил членови на ВРО, но тој тоа го негираше, па беше претепан со стап, откако бил распнат на крст. Тоа било дека на членовите на српската паравоена организација „Бела Рука“. За да го зголемат страдањето на неговиот другар со измачување Манасија Антов, жандармите му забивале столпчиња под ноктите на рацете и нозете!

-Во кочанското село Јастребник, по наредба и во присуство на шефот на Јавната безбедност Жика Лазиќ, истиот, кој денес е министер за внатрешни работи на Југославија, селаните Костадин Дамјанов, Иван Ангелов и Георги Стојчев, селанките Илинка Иванчева, Мита Димитриева и Мира Велинова, биле обвинети дека скриле револуционери на ВМРО, па затоа биле претепани до смрт со камшик пред целото село, а пред да издивнат, жените биле и силувани од жандармеријата!

-На 11.08.1931 година, некаде помеѓу Безика и Назалопзи, телото на едно 12-годишно девојче од анексирана Македонија (била 6 годишна, кога нејзините родители попаднале во Бугарија), беше оставено 4 дена на една висорамнина, на сто метри од жичените мрежи (тоа е границата со Бугарија), на температура од 40 степени на сенка. Девојчето било убиено со митралез во моментот кога испраќала поздрави кон својата мајка, која се наоѓала на соседниот рид на бугарска територија. Врз изгорената трева , два дена подоцна, се гледаа уште две големи, темни дамки. Само тој што ги видел, како мене, може да знае колку крв може да загуби едно 12 годишно девојченце, кое што со два куршума во стомакот е оставено да умре на сонце…

– Во Скопје, во еден стан каде што влегов, видов мајка која бдееше над едно девојче на 10-12 години. Пред два дена фатена ненадејно да зборува на бугарски со една од другарките, детето, на сред училница било силно тепано до крв. Грбот и бутовите и беа само со рани. Таа едвај се движеше и викаше од болки, кога се обидуваше да оди. Меѓутоа, беше предупредена дека ако отсуствува од училиште или ако задоцни, воспитната мерка ќе биде посилна и пожестока…

…Видов еден маж, згрбавен и неговите 50 години изгледаат како 70 години. Неговата нога беше скршена од удари со пендрак во затворот, каде престојувал две години, затоа што брат му бил член на ВМРО. Два пати неделно, сред ноќ, стражарите заедно со другите затвореници ги воделе во мала темна соба за измачување, каде што секој затвореник добивал по 25 удари со пендрак по стапалата на нозете и уште толку по рацете, предвреме покиснати пола час во млака вода. Железните окови тежеле 20 килограми. Коските под коленото, некогаш скршени, израснале без да бидат наместени и образуваат нешто како стапало под кожата…

…Видов во Охрид еден обвинети, на кого му ги беа „запушиле“ природните излезни дупки, и напред и назад, за да го принудат да каже кои револуционери ги криел кај него….Три дена тепање, тој викаше од болки, несвестици, но не признаваше ништо. Тогаш почнуваше страшното тепање, не му оставија никаков заб…

-Во Битола, на сто метри од полициската станица, во една од најслабо фреквентните улица во градот, ужасни викови, вистински крик се разнесуваше од отворените прозорци на едно училиште. Двајца учители со клоци, со линијарот тепаа шест момчиња, заврзани за клупите. „Мрсен бугарин“, „македонска свиња“! Ќе те научам јас тебе српски!

– При градбата на жичените мрежи, меѓу Гевгелија и Валандово, македонските селани, мажи и жени, копаа волчји јами под надзор на српските џандари. Жегата беше ужасна, повеќе од 40 степени на сенка. Еден подофицер се нафрлува на едно сосема младо девојче, што беше застанало до својата количка, очигледно изморено. Ја навредува и и удира шамар. Жртвата протестира, еден знак и фатената од двајца војници, ја легнуваат на стомак над еден куп од земја, ја држат за рамењата и нозете и ја соблекуваат облеката и десет пати едно после друго, пендракот на подофицерот удри во нејзиниот грб и бутовите. Казната е исполнета, виновната е пуштена, раскрвавена и плукајќи си ја зема количката.

-Еден селанец, близу до селото Ореше, меѓу Куманово и Ново Село, беше заврзан со соблечени потури за едно дрво. Целото лице, грбот и стомакот му беа во крв. Заобиколен од тројца џандари и еден подофицер. Четвриот џандар излегуваше од една куќа, носејќи една мачка, која што правеше напори да излезе од торбата. Ги дигнаа потурите на жртвата, ги приврзаа за секое колено и му ја ставија мачката внатре која што веќе беше вбесена. Целото село, мажи, жени и деца, гледаа немо без да кажат збор. Човекот, на кого вбесеното животно му го раскинуваше месото, урлаше од страшни маки. “Да си одиме!“ ми кажа французинот, кој што ме однесе таму со својот автомобил. “Ако се заешаме, ќе го остават, ама ќе му го здробат после черепот, штом си заминеме.“

-Во сите гробишта, во сите цркви на поробена Македонија, по наредба на Белград ги избришаа натписите на бугарски, кои се наоѓале во олтарите, на ѕидовите на зградата врз гробовите, надгробните споменици се искршени, гробовите испразнети. Во Скопје повеќе од 40 тела беа ископани од црквата Свети Димитрија. На прашањето што направија, упатено кон началникот г-н Јовановиќ, кој ме придружуваше при посетата во црквата и ми раскажуваше за ова, тој ладнокрвно ми одговори “Ги фрлија во Вардар“…

-Во Велес, бугарските офицери, загинати при последните борби за време на француско-српската офанзива во септември 1918 година, биле закопани во старата црква Св.Пантелејмон. Тие биле ископани од србите и нивните остатоци, фрлени во каналите за урбаните нечистотии.

-Видов познати гробишта во Штип, Градско, Куманово, Скопје, Радовиш, Криволак, Велес, Кратово, Охрид каде што сите надгробни споменици беа уништени, имињата и натписите на бугарски јазик, отстранети со удари на чекан, црквите уништени, надгробните плочи истргнати и искршени. Тие места за покој на душата на умрените, личат на урнатини.

-Полицискиот инспектор Џаганетиќ, ми раскажуваше како ги принудувале да прозборат приведените граѓани, т.е да кажат нешто за нивните блиски, пребегани во Бугарија…Железна жица, стегач околу главата и колената со еден стап, кршење на прстите со чекан, ретко некој да не признава по првата нога! Тоа е како забите. Дали ви е познато?….Не…Едно прекрасно средство! Се врзува лицето на еден стол, со глава свртена наназад над потпирачот. Устата се држи отворена и се дупчат еден, два, три заба. Сум видел мажи кои паѓаат во бесвест уште на вториот заб. Кај третиот заб си кажуваат се! Поефикасно е од педесет стапови!


(продолжува)

Comments


bottom of page