top of page

Врвот Станчов Камен- бисер во круната на Западните Родопи

Writer: Дело-СкопјеДело-Скопје


Општината Лаки во Бугарија работи на изградба на нова еко-патека која ќе води до култниот врв Станчов Камен, кој е дел од областа Перелик-Преспа на Западните Родопи, дознаваме од веб-страницата bgtourism.bg, пренесува Радио Бугарија.


Врвот е висок 1299 m и буквално надвиснува над градот Лаки. До него има пристап само од југоисток. Оттаму, по планинскиот срт е безбедно да се стигне до неговото подножје. Сега најстрмниот и најекстремниот дел од патеката до Станчов Камен ќе се обезбеди со метално јаже, а по трасата, почнувајќи од асфалтниот пат кај селото Манастир, ќе се постават ознаки и патокази договорени со Бугарскиот туристички сојуз. . Идејата е да се направи областа достапна за понеискусни планинари.




Од врвот Станчов Камен се отвора прекрасна панорама кон градот Лаки, ридот Крушевска Планина и делот Перелик-Преспа на Западните Родопи.


Во околината има низа водопади, како што се „Ѓумбуртија“ кај селото Белица и „Св. Дух“ кај селото Манастир. Во моментов се обновуваат патеките кои водат до прекрасните водопади во „Халилковско дере“ и „Чавдар дере“.


Comments


bottom of page