top of page
  • Writer's pictureДело-Скопје

Во пресрет на 1 март децата од бугарското училиште „Здравеј“ во Скопје правеа мартинки



Децата од бугарското саботно-неделно училиште „Здравеј“ направија повеќе од 100 мартинки во рамките на првата работилница, што се одржа во Бугарскиот културно информативен центар во Скопје, јавува БТА.

„Работилницата на која децата прават мартинки во пресрет на 1 март е традиционална, а на 29 февруари ќе учествуваат и деца од различни училишта од Република Северна Македонија, изјави за БТА директорката на бугарското саботно-неделно училиште „Здравеј“ Илијана Атанасова.

Гостите на приемот што Амбасадата на Бугарија во Северна Македонија го организира по повод националниот празник на Бугарија 3 март, ќе бидат пречекани со голем дел од мартинките направени од децата.

Бугарското саботно-неделно училиште „Здравеј“ е основано во 2017 година во Скопје, во склоп со дипломатската мисија на Бугарија во Северна Македонија.


Comentarios


bottom of page