Бугарски анестезиолог оперираше човек под урнатините во Турција, каде поминал часови меѓу срушените бетонски плочи пред да ја спаси жртвата.
Бугарскиот тим вчера вечер спаси жена која поминала 135 часа под урнатините.
На крајот од ова видео се слуша тивок глас кој на бугарски вели „Ова ти дава надеж, нели?“. Три часа спасувачите бараа жена меѓу тони бетон.
„Не беше многу јасно каде точно се наоѓа, бидејќи само по звукот во уништената зграда не можеше да се утврди до каде е и точно на кој кат се наоѓа. Таа објасни дека таа лежи притисната некаде помеѓу плочите на зградата. Тоа беше зграда од 5 ката, но всушност беше висока 4-5 метри, а меѓу плочите на подовите растојанието беше 50-60-70 сантиметри. И влеговме во празнина меѓу плочите, таму малку се раширивме, моравме да извадиме некој стар мебел. И оттаму веќе проверивме од каде доаѓа звукот. Луѓето со тешка техника почнаа да копаат низ покривот. Бушејќи ја горната плоча и уште една плоча под неа за да ја извадат. На почетокот изгледаше добро, потоа веќе ја ставија на носилки и ја изнесоа. Имаше овации, имаше голема радост, бидејќи веќе на 7-ми ден поретко е вадењето живи луѓе“, рече Владимир Георгиев, спасувач од Бугарија.
На 300 километри подалеку, во Бесни, каде што надежите исто така се закопани под тони урнатини, бугарски лекар со својот полски колега ползеше во тунел за да оперира заробен човек.
„Се наоѓа во пукнатина. На падната четирикатница, плоча на плоча. Како тунелот да е стабилизиран, но беше страшно, како што има афтершокови и додека лазиш можеш да останеш заробен. 7-8 метри беа потребни за да се лази. Нема човек што не се плаши во такви ситуации, но и покрај се јас сепак дојдов да им помогнам на луѓето. И токму сега, кога стигнав до човекот, кога видов дека е во беспомошна состојба, тој страв се намалуваше. Од тогаш како што почнува да беснее адреналинот во тебе, размислуваш на малку поинаков начин. Видов дека раката, не е витална, тој дел што беше притиснат. А мое мислење беше дека требало да се ампутира. Всушност самата интервенција е направена брзо без никаков проблем. И лицето е пренесено во нивната здравствена установа“, рече Д-р Веселин Јолов, анестезиолог во Медицинскиот институт на бугарското МВР.
„На оваа работа сигурно е само заминувањето, враќањето не е сигурно“, додава Д-р Веселин Јолов.
댓글