top of page
  • Writer's pictureДело-Скопје

Светскиот куп во Банско 2023 година



Најголемиот спортски настан во Бугарија за годинава – Светскиот куп во сноуборд во Банско 2023 година ги исполни сите стандарди на Меѓународната скијачка федерација (ФИС).

Еве неколку интересни бројки поврзани со организацијата и одржувањето на овој голем натпревар:

– 82 натпреварувачи од 17 нации учествуваа во паралелните слаломи (мажи и жени) во Банско


61 – тренери беа во Банско со сноубордерите

– 50 новинари од Бугарија, Србија, Северна Македонија, Германија

– 2000 луѓе беше капацитетот на трибината за гледачите на Бандеришка полјана која беше изградена за 7 дена.

– 10.000 гледачи – го посетија натпреварувачкиот простор во два дена

– 30 волонтери од Бугарија и странство помагаа за организацијата на натпреварите

– 150 луѓе од техничкиот тим на БФСки, Јулен, БА и НСА работеа на патеките

– 26 војници од 101-от алпски полк се вклучија во подготовката на трасите

– 15 студенти од НСА, отсек „Снежни спортови“ помагаа во подготовката на трасите

– 600 луѓе беа ангажирани во изградба и сервисирање на инфраструктурата, сместување и храна за спортисти и гости, обезбедување, транспорт и низа други активности

– 1000 метри безбедносна опрема околу патеките и сите зони на натпреварувањето

– 3 машини за чистење снег беа на располагање на тимот за подготовка на патеките

– 20 души медицински и спасувачки тим

– 200 официјални гости

– 14 дена за изградба на објектите

– 25 Телевизиски екипи

– Повеќе од 20 земји добија слика од натпреварите во Банско


Comments


bottom of page