top of page
  • Writer's pictureДело-Скопје

Сопругата на бугарскиот амбасадор во РС Македонија Билјана Ангелова со нова кампања

"Запали светло, биди виден од возачите"



Сопругата на бугарскиот амбасадор во РС Македонија Билјана Ангелова со нова кампања. Ангелова објави видео на својот Facebook профил во кое ги повикува граѓаните во темните зимски вечери да го уклучуваат светлото на своите мобилни телефони кога преминуваат улица, за да бидат видени од возачите.


,,Секогаш кога поминувате на улица запалете го светлото на својот мобилен телефон. Во видеото ќе ја видите разликата за тоа што гледа возачот ако пешаците се со запалено светло и во темна или посветла облека.

Реално детето не се гледа во темното, затоа мојот апел е и кон родителите.

Научете ги децата за да им стане навика тоа, а оние што се без мобилен телефон да носат мал фенер во џебот”, вели Ангелова.


Извор: https://tribuna.mk/

bottom of page