top of page

Прашање до владата на Македонија

Writer's picture: Дело-СкопјеДело-Скопје


Деновиве Министерот за одбрана на Србија Братислав Гашич оддржа говор на врвот на Кајмакчалан по повод 108 години од битката на Кајмакчалан. Во говорот, помеѓу другото кажа и: “ Загинатите срби во битката не можеа повторно да ја видат СРПСКАТА ЗЕМЈА“ .


Од врвот на Кајмакчалан НЕ може да се види Србија, туку се гледаат областите Мариово и дел од Пелагонија двете во Македонија, значи , војниците пред да загинат можеле да ја видат СРПСКАТА ЗЕМЈА (мисли на Македонија) ова според Српскиот министер .


Здружение ДЕЛО Скопје, прашува дали Владата на Република Македонија е согласна со ова тврдење на српскиот министер (дека Македонија е Српска земја) и ако не, дали ќе очекуваме реакција или само селективно ќе настапуваат против реториката на државници на поедини земји!?


Comments


bottom of page