top of page
  • Writer's pictureДело-Скопје

Општина Струмица и бугарската Крџали потпишаа меморандум за збратимување



Градоначалниците на Општина Струмица, Костадин Костадинов и на бугарската општина Крџали, Хасан Азис, денеска потишаа меморандум за збратимување на двете општини.


Информацијата за збратимувањето ја објави струмичкиот градоначалник, кој напиша дека лесно е да се говори со јазикот на омразата, но напротив, денес разговарале на вистинскиот начин кој води напред.


-Овој чекор е пример како во пракса се гради и развива добрососедството-преку кооперативност, труд, работа и пред се-доверба, нешто кое денес безрезервно го демонстриравме. Уверен сум дека долгогодишните политики и практики на општина Струмица во соработката со општини од Бугарија базирани токму на овие принципи и понатаму ќе продолжат да резултираат со успех. Доказ за тоа се и досега успешно реализираните, голем број европски проекти, направени за доброто на сите граѓани, независно од која страна на границата живеат, стои во објавата на Костадинов.


Инаку, идејата за збратимување на Струмица и Крџали дојде од страна на бугарскиот европратеник и известувач за нашата држава во Европскиот парламент, Илкан Ќучук при посетата на Струмица во декември лани, кога тој предводеше делегација на Крџали и други бугарски општини.


bottom of page