top of page
Writer's pictureДело-Скопје

Научник од Бугарија создаде робот, кој помага во рехабилитацијата на пациенти по мозочни удари



Бугарин создал домашен робот кој ќе им помага на пациентите по мозочен удар или несреќи. Пронајдокот е дело на инж Петко Стоев, докторант на Бугарската академија на науките. Докторантот е и основач на старт-ап компанија чија цел е создавање на високотехнолошки сајбер-физички решенија и производи кои го подобруваат квалитетот на животот на луѓето. Неодамна, за својот врвен изум младиот научник ја освои наградата „Претприемач во науката“ на Фондацијата „Карол Знаење“.


Детскиот сон на Петко Стоев е да биде инженер по роботика, создавајќи производи кои решаваат различни видови проблеми. Идејата да развие роботска рака дошла откако негов близок пријател доживеал тешка несреќа и му биле потребни рехабилитациони процедури.


Роботот е егзоскелет – уред кој се поставува на пациентот и му помага да се опорави врз основа на движењата и процедурите за рехабилитација. Роботската рака врши целосен опсег на природни движења на рацете, овозможувајќи рехабилитација од далечина.


„Најважната иновација е што со овој робот пациентите и луѓето на кои им е потребна рехабилитација, било по мозочен удар или по сериозни несреќи со скршени екстремитети, ќе можат целосно да се опорават дома или во услови и време кои се удобни за нив. При давањето на овој робот на пациентот за домашна употреба лекарите ќе можат автономно, со помош на компјутер да ги постават параметрите на контролните програми и преку оваа далечинска врска пациентите ќе можат да се рехабилитираат дома“, раскажува Стоев.


Бугарскиот изум ќе го олесни и процесот поврзан со постојаното следење на пациентот од страна на лекарот. Системот ќе снима податоци од извршените процедури и ќе испраќа извештаи за напредокот на секој пациент. И уште една предност – лекарот ќе може далечински да контролира пет или шест роботи во исто време, наместо рачно да оперира со еден пациент и ќе може да ги следи во реално време.


„Така, во единица време, наместо да лекува и рехабилитира еден пациент, лекарот ќе може да рехабилитира повеќе пациенти. Нашиот робот дава решение за прашања како што е ограничениот капацитет на болничките клиники, го елиминира проблемот со распоредот и со можностите на ординацијата“, вели инж. Петко Стоев.


Младиот пронаоѓач додава дека во моментов е во тек процесот на патентирање и сертифицирање на неговиот изум. Роботот веќе се распоредува на клиничко тестирање и е подложен на валидација во лабораторија.


Comments


bottom of page