top of page
  • Writer's pictureДело-Скопје

Музички времеплов од нашето блиско минато, група Санаториум


Интервјуто е направено од страна на бугарскиот Pro Rock во Август далечната 2002 година. Во продолжение ќе прочитате дел од истото.


Бихте ли представили историята и членовете на групата? Как, кога започна всичко и как се роди името на групата?


Перо- Се започна далечната 1987 година. Јас и мојот пријател Дарко го оформивме првиот македонски метал фан клуб под името Bloody Morgue. Преку фан клубот контактирав и запознав многу фанови меѓу кои беа и денешните членови на групата. По првите промени во Санаториум кои што се случија во првата година составот ни е непроменет. Јас вокал и гитара, Горан Атанасов тапани, Константин Качев гитара и Горан Станковиќ бас. Мислам дека сме единствен бенд во Македонија кои долги години работи без промени.

Што се однесува до музиката на почетокот почнавме како обична улична банда која што креира бучава. Можеби незнаевме многу за музиката, но сепак искрено го сакавме она што го работевме на звукот, вежбавме и секојдневно учевме. Почнавме со концерти по гаражи и мали клубови низ Македонија како тотални анонимуси за да би го стекнале потребното искуство.

Почнавме со концерти по гаражи и мали клубови низ Македонија како тотални анонимуси за да би го стекнале потребното искуство. Едноставно почнавме од нула. Прво реализиравме неколку демо песни и демо албумот под наслов Welcome to Sanatorium. Потоа влеговме во студио и го снимивме првиот наш официјален албум На работ на разумот во 1992 година. Истата година на сопствената промо турнеја низ Балканот каде што имавме многу концерти и настапи на интернационални фестивали снимивме видео материјал со наслов Live in Hungary и го издадовме наредната година во раритетен тираж. Во 1996 година го издадовме албумот No more. По одработените концерти и настапи на фестивали по албумот No more имавме мала концертна и студиска пауза заради воените случувања на Балканот во тоа време, бидејќи во услови на воена психоза малку работи функционираа. Тешко беше било што да се направи и било каде да се оди. Тогаш во Македонија и еx.Југославиа на никој не му беше гајле за музика, но требаше да се издрзи се тоа. Работевме само на проби. Конечно во 2001 година решивме да го реиздадеме нашиот прв албум На работ н

а разумот на кој што ставивме 5 бонус траки (3 лајв и две студиски необјавени песни до тогаш) и го нарековме Санаториум.

Името на бенот нема некој посебен историјат. Во почетокот по нашето оформување имаше неколку предлог имиња мегу кои и Санаториум. Не се оптоварувавме со името се додека не дојде време за нашиот прв настап. Тогаш без многу размислување сите едногласно прифативме тоа да биде Санаториум.


Често свирите в България – откривахте на Motorhead и Slayer/Halford. С какви впечатления останахте? Различава ли се по нещо българската и македонската публика?


Перо- Бевме на Метал 2000 фестивал и Арена Музика фестивал. Фантастично е да се настапува во Бугарија. Луѓето се одлични. Имате прекрасна публика. Публика која што е гладна за вистински концерти. Што се однесува до публиката, зборувам за онаа вистинска и искрена публика мислам дека е иста насекаде каде што сме настапувале. На нашите настапи во Софиа се чувствував како дома. Беше прекрасен фактот што еден дел од публиката ги пееше нашите песни, ги знаеја нашите текстови... А што друго би можел да посака повеќе еден музичар? Во секој случај концертите во Бугарија ни претставуваат многу големо и позитивно искуство. Таквите настапи ни претставуваат духовна храна која што не одржува во живот и ни дава уште поголем мотив за работа.


Имате немалко фенове в България – бихте ли искали да им кажете или споделите нещо?


Перо-Би сакале да ги поздравиме сите метал фанови во Бугарија и да им се заблагодариме на искрената подршка. Прекрасно е сознанието дека има луѓе кои ги подржуваат Санаториум во Бугарија. Бидете живи и здрави и се надеваме дека по излегувањето на нашиот албум наредната година ќе се видиме и на самостоен концерт некаде во Бугарија или ако ништо друго се надевам дека повторно ќе се видиме на некој од вашите фестивали. Подржувајте ги бендовите од Балканските простори бидејќи заедно сме појаки. Ова докажува дека навистина на Балканот може да постои солидарност и соработка. Мислам дека ова е вистински пример со кој може да се покаже на светот дека овде покрај војни и омраза може да постои и нешто друго многу многу попаметно од тоа.


Целото интервју можете да го прочитате на https://sanatorium.com.mk/downloads

bottom of page