Додека го читате овој текст, американската компанија „Варда спејс индустрис“ (Varda Space Industries) ќе почне да управува со првата вселенска фабрика. Овој футуристички проект пред две години го осмислија тројцата основачи Вил Бруи, Даниел Маршал и младиот Бугарин Делијан Аспарухов, со намера да започнат автоматско производство во орбитална станица во близина на Земјата. Сè што ќе излезе од оваа фабрика ќе ја носи ознаката „made in Space“ (произведено во Вселената).
Идејата за создавање разни производи во орбитата на Земјата не е нова, но огромните трошоци досега спречија слични проекти. На пример, големите фармацевтски компании како „Мерк“ се заинтересирани за производство на лекови и хемикалии во вселената бидејќи експериментите покажаа дека, без гравитација и притисок, молекулите и атомите се однесуваат многу поинаку отколку на Земјата.
Исто така, условите на микрогравитација и отсуството на прашина во вселенскиот вакуум се многу погодни за производство на компјутерски компоненти или оптички влакна. Вакви стерилни услови тешко се создаваат и одржуваат на Земјата.
Comments