top of page

Македонските млади борачи со три медали на меѓународниот турнир во Стара Загора

Writer: Дело-СкопјеДело-Скопје


На меѓународниот турнир во борење „Динко Петров“ во Стара Загора, Бугарија, македонските борачи се закитија со три медали.


Марио Ананиев („Радовиш“) успеа да освои златен медал, а Зоран Шоров („Балканец“) и Анастасија Трајчева („Штип“) стигнаа до бронзата.


Ананиев ја освои првата позицијата во категоријата 48 кг. (У15), пред Берке Ибрам („Дан Колов“, Елена), Доминик Олсон (САД) и Гроздан Петков („Осман Дуралиев, Исперих)


Шоров беше третопласиран во категоријата 75 кг (У15), на првото место се најде Венелин Георгиев („Левски“, Софија).


Трајчева во категоријата 46 кг. (У15) е третопласирана, а најдобра беше Дајана Стојчева („Берое“, Стара Загора).


На турнирот учествуваа 203 натпреварувачи од Косово, Турција, Македонија, САД, како и 29 клубови од Бугарија.


Comments


bottom of page