top of page

Македонската таеквондо репрезентативка Мила се враќа со бронза од Софија освоена на ЕКП

  • Writer: Дело-Скопје
    Дело-Скопје
  • Apr 30, 2023
  • 1 min read


Македонската таеквондо репрезентативка Мила Рељиќ се враќа со бронза од Европското клупско првенство во Софија. Со 3 извонредни победи Мила освои бронзен медал во силна конкуренција на првенството во Бугарија.

Во првото коло Мила беше поуспешна од Ива Петровиќ (Србија) со 2:1, во второто коло беше подобра од извонредната Летонка Инес Тарвида со 2:1, а во борбата за медал славеше и над Хрватката Хелена Кичема во 2:0. Кичема е актуелна европска вицешампионка до 21г. Во полуфиналето Мила изгуби од Јоланта Тарвида од Летонија.

Со овој медал Мила силно чекори кон медал на претстојното светско првенство во Баку, Азербејџан на почеток на јуни и Европските Олимписки Игри кон крај на јуни во Краков, Полска.


Comments


bottom of page