top of page
  • Writer's pictureДело-Скопје

Македонија ЃП и ЦСКА Софија со заедничка кампања: „Не за насилството“



Македонскиот фудбалски прволигаш Македонија ЃП и бугарскиот клуб ЦСКА Софија одиграа пријателски натпревар во Анталија под мотото „Не за насилството“. Ова е реакција на затегнатите односи што се појавија и меѓу спортските клубови, а поради политичката ситуација меѓу двете земји.



Неколку бугарски клубови одбија да одиграат пријателски натпревари против македонски екипи, а ЦСКА Софија и Македонија ЃП одлучија тоа да се обидат да го прекинат со заедничка кампања.


Фудбалскиот дуел во Анталија заврши без голови, 0-0, но најважен е сепак другиот аспект од овој пријателски меч.


Comments


bottom of page