Борче Николовски од Демир Капија се најде на листата меѓу најдобрите три лекари во Бугарија. Во изборот за „достојни лекари“ биле номинирани околу 500 лекари од различни специјалности, а во гласањето учествувале преку десет илјади граѓани, пренесуваат бугарските медиуми.
Особено сум благодарен за укажаната доверба од страна на граѓаните и сите што застанаа зад мене и мојата номинација. Тоа е дополнителен мотив, да продолжам да ја работам работата најдобро што можам - изјави Николовски за МИА.
Грижата за пациентите се негува со генерации во семејството на Николовски. Неговиот татко е дефектолог во Специјалниот завод, а сестрата Кристина која е пред дипломирање за доктор, сака да специјализира психијатрија. Мајка му е патронажна медицинска сестра, а прабаба му, бабица која ги пораѓала бебињата во демиркапиското село Клисура, информира МИА.
Извор:www.vrabotuvanje.com.mk
Comentarios