КСЗД утврди дискриминација врз основ на етничка припадност од страна на невладината организација „Млади за Македонија“, насочена кон Бугарите во РС Македонија
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација утврди вознемирување и повикување, поттикнување, инструкција за дискриминација, врз основа на етничка припадност сторено од невладината организација ,,Млади за Македонија ” кон граѓаните на РС Македонија со бугарска етничка припадност во областа на јавното информирање и медиумите.
Мислењето на Комисијата доаѓа по претставка на здружението на граѓани ,,Дело” од Скопје. Во поднесената претставка се наведува дека на 26 септември 2022 година ,,Млади за Македонија ” на нивната Facebook страница објавиле два статуси со следната содржина :
,, Во борба, македонски народе, против турско-монголското племе! Наше ќе биде и Пирин планина и кресненското поле.”
И ,,Фудбалот нема да го промени фактот дека нашите источни соседи носат турко-монголски гени! Дојденци од Монголија, мелези на Балканот.”
Комисијата во своето известување препорачува ,,Млади за Македонија да ги отстранат спорните содржини во рок од 30 дена од приемот на мислењево, писмено да ја известат комисијата и во иднина да се воздржуваат од објавување на содржини со кои се повикува и поттикнува извршување на дискриминација.
Од Комисијата велат дека доколу ,,Млади за Македонија ” не постапи согласно пораката, таа ќе поднесе барање за покренување на прекршочна постапка пред надлежен суд според своите надлежности од Членот 27 став 4, од Законот за спречување и заштита од дискриминација.
Comments