top of page
  • Writer's pictureДело-Скопје

КСЗД донесе мислење по поднесена претставка за говор на омраза од Здружение Дело


Постапувајќи по претставката поднесена од Здружение на граѓани за промоција, издавање, иницијативи и меѓународна соработка ДЕЛО Скопје против лицето Петар Богојески од Скопје за сторена дискриминација врз основа на етничка припадност во областа на јавно информирање и медиуми. Комисијата за спречување и заштита од дискриминација донесе мислење во кое се УТВРДУВА вознемирување врз основ на етничка припадност сторено од страна на Петар Богојески во областа на јавно информирање и медиуми кон граѓани на Република Македонија со бугарско национално самосознание.


Комисијата за спречување и заштита од дискриминација донесе препорака лицето Петар Богојески да ги избрише навредливите објави во рок од 30 дена, да се извини на припадниците на бугарската заедница и за истото да ја извести КСЗД, а во иднина да се воздржи од вакви објави во било кој медиум и било кој формат.

Комисијата ќе го следи извршувањето на мислењата и препораките за конкретните случаи на дискриминација се до нивно исполнување.Доколку субјектите кон кои е упатена препораката не постапат по истата, Комисијата има законска надлежност да поднесе прекршочна постапка пред надлежниот суд за прекршоци.

Во прилог е даденото мислење од КСЗД.

Mislenje-Petar Bogojeski
.pdf
Download PDF • 19.17MB




bottom of page