top of page

Колку ќе чини прослава на Нова година во Банско?

Writer: Дело-СкопјеДело-Скопје

Традиционалните спа центри во Банско се подготвени да ги пречекаат туристите, а секоја снегулка што ќе падне над градот е надеж за успешна сезона, јавува бугарската БТВ.


Наспроти очекувањата, цените на аранжманите за празниците во Банско не се толку високи како што се коментира на социјалните мрежи. Во една од кафаните менито за 8 декември е 40 лева (20 евра) по лице. Цените во другите локали се движат од 35 до 50 лева.


За Нова година цените почнуваат од 100 лева (околу 50 евра), но за возврат клиентите добиваат повеќе, јавува БТВ.


Покрај храна, Банско нуди и прекрасни услови за ски туризам, сместување во пријатни бањски комплекси, со минерална вода и грижа за секој турист, а на овие места цените варираат во широк опсег.


Проверката покажа дека во хотел во Банско цената за четиричлено семејство на дневна основа со појадок и вечера е околу 400 лева. За Нова година оваа цена е двојно поголема.


Покрај туристи, на многу снег се надеваат и жителите на Банско, кој ќе привлече повеќе љубители на зимските спортови во одморалиштето, како од Бугарија, така и од странство.



Comments


bottom of page