top of page
Writer's pictureДело-Скопје

Историско достигнување-Виктор Лилов од Софијската математичка гимназија со „двојно злато“ на најсилните меѓународни олимпијади по хемија и биологија


Виктор Лилов, матурант на Софијската математичка гимназија е единствениот човек во светот со „двојно злато“ на Меѓународните олимпијади по хемија и биологија. За ова историско достигнување информира здружението „Бугарска историја“ на својата Facebook страна.


„Виктор освои златен медал на Меѓународната олимпијада по хемија во Швајцарија 2023 година, на која учествуваа ученици од 88 земји, а пред само неколку дена освои и златен медал на Меѓународната олимпијада по биологија во Казахстан, каде се натпреваруваа претставници на 81 земја.


Виктор има злато и од Меѓународната Олимпијада Менделеев во 2024 година, а со тоа има и три златни медали од трите најсилни светски натпреварувања во хемија и биологија. Горди сме на постигнувањето на овој извонреден млад човек!“, велат од „Бугарска историја“



Comments


bottom of page