top of page
  • Writer's pictureДело-Скопје

Инфо форум за барање партнери за инвестициски проекти од приоритетот 1 "Позелен пограничен регион"



Заедничкиот секретаријат на програмата Интеррег Бугарија - Македонија организира информативни денови и форум за барање партнери на отворениот повик за инвестициски проекти од приоритет 1 „Позелен пограничен регион“.


Повикот е насочен кон специфична цел „Подобрување на заштитата и зачувувањето на природата, биодиверзитетот и зелената инфраструктура, вклучително и во урбаните средини, и намалување на сите форми на загадување“ и има за цел да идентификува предлози за проекти кои ќе придонесат за развој на зелената Инфраструктурата во урбаните и пери-урбаните области, чиишто широки импликации имаат позитивно влијание врз здравјето и благосостојбата на луѓето, ја поддржуваат зелената економија, создаваат работни места и ја подобруваат биолошката разновидност.


Секретаријатот прецизираше дека вкупниот износ на тековниот повик за инвестициски проекти е 4.561.091 евра.


Овие настани имаат за цел да ги обединат Управниот орган, Националниот орган, Заедничкиот секретаријат и потенцијалните апликанти и да ги презентираат основните правила на Отворениот повик за инвестициски проекти под приоритет 1 „Позелен пограничен регион“. Настаните се планирани за јули 4 во Сандански, Бугарија и на 11 јули во Кочани, Република Северна Македонија.


bottom of page