top of page
Writer's pictureДело-Скопје

Градоначалникот Митовски се сретна со градоначалникот на збратимената о.Банско, Република Бугарија



– Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, денеска оствари прва официјална средба со градоначалникот на општина Банско, Република Бугарија, Иван Кадев, на која потпишаа меморандум за меѓусебна соработка.


Оваа средба се реализира на обострана иницијатива на двата градоначалника, со цел воспоставување и зајакнување на пријателските односи меѓу збратимените општини.


-Меморандумот предвидува воспоставување директна соработка, активно партнерство и размена на позитивни искуства на повеќе полиња од социо-економскиот развој на двете општини, особено во делот на развој на туризмот и промоција на европските вредности, можности за заедничка подготовка и имплементација на проекти од различни области и различни извори на финансирање, информира службата за комуникација со јавност во Општина Крива Паланка.


Крива Паланка и Банско се збратимени општини повеќе од една деценија, а со оваа иницијатива на двајцата градоначалници се очекува конкретно продлабочување на соработката со примена на позитивни практики, соработка пред сѐ во областа на зимски туризам, како и на институционално ниво во најразлични области со нови отворени перспективи за граѓаните од двете страни на границата.


Σχόλια


bottom of page