Џон Винсент Атанасоф, (4 октомври 1903 – 15 јуни 1995 година) бил американски физичар и пронаоѓач заслужен за измислувањето на првиот електронски дигитален компјутер. Атанасоф го измислил првиот електронски дигитален компјутер во 1930-тите на Државниот колеџ во Ајова (сега познат како Државниот универзитет во Ајова). Предизвикот на неговото тврдење биле решен во 1973 година кога судскиот процес Honeywell v. Sperry Rand пресудил дека Атанасов бил пронаоѓач на компјутерот. Неговата машина за специјална намена е наречена Atanasoff-Berry Computer.
Атанасов е роден во Хамилтон, Њујорк во семејство електро инженер и наставничка. Таткото на Атанасов, Иван Атанасов, бил со бугарско потекло, роден во 1876 година во селото Бојаџик, блиску до Јамбол, Тракија, тогаш во Отоманската империја. Додека Иван бил уште дете, неговиот татко (дедото на Џон) бил убиен од османлиските војници по бугарското Априлско востание од 1876. Во 1889 година, Атанасов емигрирал во Соединетите Држави кај неговиот вујко. Таткото на Атанасов подоцна станал електроинженер, додека неговата мајка Ива Луцена Пурди (од мешано француско и ирско потекло), била учителка по математика.
Во периодот од 1936-41 Џон Атанасов со помош на неговиот асистент Клифорд Бери ја конструираат првата компјутерска машина со целосно електронска компјутерска единица и посебна меморија.
Поради влегувањето на САД во Втората светска војна, проектот останува недовршен, а прототипот е изгубен.
Војната суштински ќњ ја промени кариерата на Атанасов и во периодот 1942-1952 година работи само на воени проекти. Потоа основал сопствена консултантска компанија, станал успешен бизнисмен и се пензионирал во 1969 година. Во тоа време, компјутерската индустрија се развива и конкуренцијата меѓу производителите расте. Во 1967 година, Атанасов бил контактиран од адвокати кои дознале за неговиот предвоен проект и го повикале како сведок во случаи поврзани со патентот ENIAC. Така, концепцијата и реализацијата на машината на Атанасов за првпат стана надалеку позната преку судската одлука во случајот Honeywell, Inc. v. Sperry Rand Corp, испорачана во 1973 година.
Признавањето на Џон Атанасоф како компјутерски пионер доаѓа тешко бидејќи неговите придонеси се индиректни. Во САД, тој бил награден со Медал за компјутерски пионер од страна на Институтот за електротехника и електроника инженери (IEEE) дури во 1984 година. Универзитетот во Ајова, исто така, го одликувал со финансирање на изградбата на реплика на неговата машина, но добива најмногу почести со двете посети на Бугарија, каде што е прославен како „Бугаринот - татко на електронскиот компјутер“, избран за странски член на БАН и неколкупати наградуван со ордени.
Comments