top of page
  • Writer's pictureДело-Скопје

Дрита Ислами го урна сопствениот рекорд поставен на државното првенство во Софија



Во својот настап на Националното првенство за сениори во сала во Софија, нашата најдобра sениорка Дрита Ислами го собори националниот рекорд на Македонија на 400 метри.


Атлетичарката успеа да ја истрча патеката со време 56.35 секунди и да урне рекорд стар 40 година со претходна сопственост на нашата атлетска ѕвезда Елизавета Божиновска, кој претходно изнесуваше 56.49 секунди.


Иако ова не е нејзината главна дисциплина, Ислами најавува одлична претстојна сезона за неа и очекува исполнување на норма за учество на Еврооското Првенство во нејзината специjалност 400 метри со пречки.


Дрита Ислами ја почна 2023-та сезоната во сала со државен рекорд на 400 метри во сала, откако го урна стариот рекорд кој исто така беше поставен од неа.


Ислами, по лошиот период исполнет со повреди, истрча 400 метри во сала за време од 55,95 секунди, па така го поправи претходниот рекорд кој беше 56,35 секунди.


„Овој резултат ми значи многу после една лоша сезона со доста повреди, ми ја врати самодовербата и ме мотивира да продолжам да срушам уште рекорди“, напиша Ислами.


bottom of page